Кефирот Божeствен Пијалок

kefir

Историјата на кефирот датира од пред неколку илјади години.Тоа се габички,  Kefir Granis, (научниците се уште не успеале да ги произведат овие габички во своите лабаратори) така што  се пренесуваат од колено на колено, се делат со пријателите и на тој начин станале бесмртни и со право го носат името Божји подарок.

Кефирот е млечен производ, сличен на јогурт, лесно сварлив извор на протеини и калциум. Кефирот , како млечен производ има најголем број позитивни епитети во споредба со било кој друг млечен производ или продукт кој припаѓа во групата  на здрава храна.

Кефирот е габичка во вид на цвет, кој многу потсетува на карфиол. Кога ќе се додаде во млеко, за  24 часа произведуваат вкусен и здрав пенлив напиток.Тој е пробиотик здрава храна, (содржи живи микроорганизми), а во дигестивниот тракт помагаат во обновување на цревната флора. Кефирот е здрава храна која содржи витамини кои се важни за раст и развој на децата.

Кефирот се покажал како незаменлив пробиотик производ, неговата примена во здравата  исхрана го помага варењето на храната, го подобрува имунолошкиот систем, помага во борбата против алергии (астма). Кефирот е  пијалок богат со фосфор, протеини кои што помагаат за растење на клетките во организмот. Богат е со витамин Б12, Б1, витамин К , како и други витамини.

На кефирот му се припишуваат многу својства. Ја прави храната лесно сварлива, ги чисти цревата. Според зборовите на Dr.Heinrish Jung  I Johannes Kuhl  кефирот може да ја смени мутираната клетка која ги прозведува клетките на ракот во нормална клетка благодарејќи на лацидната киселина.

Секако сакам да истакнам дека овде се зборува за кефир произведен во домашни услови, кој се прави од Тибетанската кефир габичка, а не за индустриски произведениот кефир.Благодарејќи на моите пријатели и јас успеав да ја добијам оваа габичка и веќе подолго време сама го припремам кефирот, а го пие целото мое семејство. Освен за пиење го употребувам и како замена за павлака, јогурт.Подготвувам и разни пецива и колачи и навистина се многу вкусни.

Се надевам дека овие информации ќе им помогнат на многумина. Некои делови од текстот ги најдов на интернет, а ви нудам и неколку линка кои се надевам ке ви помогнат да се здобиете со информации за овој таканаречен долговечен пијалок, почнувајќи од начинот како се припрема па до ползата од неговата употреба.

Како да направите кефир?

priprema-na-kefircedenje-na-kefirkefir-zdrav-pijalok

 

 

 

 

Во една стаклена тегла налевам околу 700-800 мл млеко. Температурата на млекото не е строго определена, само да не биде врело. Во млекото ги додавам зрнцата од  кефир отприлика околу 20 мл или две до три лажици. Теглата ја затварам со капакот а може и само да се поклопи. Го оставам на собна температура отприлика 24 часа за кое време млекото под дејство на габите ќе се згусне. Потоа го прецедувам а габите од кефирот ги мијам со млаз вода. Ги враќам во тегла и повторно додавам млеко.  Ако е многу топло како во некои летни денови тогаш за да не биде вкусот многу кисел прецедете го порано. На овој едноставен и лесен начин секој ден имате вкусен пијалок.

strawberrybananakefirsmoothie200Така секој ден имате се повеќе од зрнцата, но ако не ја зголемувате количината на млекото тогаш најдобро е да користите иста количина на габички. Вишокот може да го подарите или да го испробате и да направите пијалок од разреден овошен сок или сок од џумбир, вода и мед. Но најважно е дека најдобро се развиваат во млеко. Може да се користи освен кравјо и друг вид на млеко.

Напомена:

Треба да се внимава габичките од кефир да не дојдат во допир со метал, најдобро е да се работи со дрвена или пластична лажица и цедалка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>