Како да Направите Воден Кефир-Јапонски Кристали

kristali-od-kefirjapanski-kristali-gljiva-za-kefirwater-kefir-brew-3

 

 

 

 

Зрнцата од млечниот кефир, (прочитајте  повеќе тука),  ако добро се измијат со вода за да се отстранат трагите од млекото (може и  да се остават малку во водата да се покиснат), може  да се припремаат со вода, како т.н. јапонски кристали.

Со овој начин на припрема,  кефирот останува пробиотик со сите негови својства, само што добиваме поинаков вкус на пијалокот кој всушност е газиран сок.

Во почетокот правев само кефир со млеко, но габичката се множеше и ми  остануваше повеќе од што ми беше потребно.

Прочитав на интернет дека истите може да се одгледуваат и во вода ( кои се викаат јапонски кристали) во која се додава неколку зрна суво грозје и малку шекер. А најважно од се беше тоа што овие пробиотици се многу корисни и за децата.

Тоа ми даде идеја и почнав да експериментирам за да добијам повеќе пробиотици со различни вкусови.Тоа ми беше интересно, особено кога  моите деца многу ги сакаат и секое утро пијат по една чаша газиран пробиоик со различни вкусови.

За да правите интересни варијации потребно ви е:

  • една стаклена тегла од 750мл
  • дрвена лажица за мешање
  • газа или филтер за кафе за да се покрие теглата
  • пластична цедалка
  • 3-4 лажички габички кефир, добро измиени со вода (или „цветче“, колку цветче од карфиол од прилика) Ако ги купувате во продавници за здрава храна, дехидрирани, има упатство како повторно да се хидрираат. Јас сепак повеќе сакам да ги споделувам со пријателите.
  •  3 лажици шекер (јас некогаш ставам и кафејав шекер или меласа)
  • 1/2 л вода
  • десетина зрна суво грозје

Подготовка:

priprema-voden-kefir1suvo-grozjesuvi-smokvisuvi-kajsiivoden-kefir-priprema

 

 

 

voden-kefir

 

 

 

 

 

Ставете ја водата во теглата (водата да биде на собна температура), додадете ги зрната кефир, шекерот и суво грозје, покријте ја теглата со газичка и стегнете ја. Колку   повеќе време ја оставите да отстои  повеќе ферментира. Јас најчесто ги оставам 48 часа и тоа ми е доволно за да го добијам потребниот  вкус. По 48 часа ја прецедувам течноста преку пластична цедилка во друг сад или тегла. На габичките повтрно им се додава шекер и вода и го повторувате процесот.

bottles-of-water-kefir

 Мои омилени варијации:

Во теглата со вода додавам 3-4 сушени кајсии

Многу убав е сокот кога додавам сушени смокви

Некогаш во замена за вода габичките ги ставам во сок од грозје, малини, со сок од цреши кога исто така се добива многу вкусен пијалок. Може во сокот да  додадете, две три резенки лимон или ванила. Во овие варијанти габичките ги прецедувам по 3 дена. Но секако ова се мои искуства вие можеби ќе се досетите и на некоја друга варијанта.

Откако ке ја прецедите течноста, може да ја ставите во фрижидер да се разлади, но секогаш сокот се пие веднаш (не се остава да стои за другиот ден).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>